During today (28.05.2021), the documentary film "Keif" (Macedonian Chalgia tradition) will be screened within the Philosophical Film Festival. The screening starts at 9 pm in the summer cinema of the Cinematheque, which will be accompanied by a presentation by the screenwriter of the film, prof. Dr. Risto Solunchev, on the topic "Macedonian music epistemology". In addition, the film "Keif" will be screened in Belgrade today, as part of the event "Days of Macedonian Culture in Belgrade", in the program "Days of Contemporary Macedonian Film", which will be held at 18.00 in the Art Cinema at the Ethnographic Museum. The documentary "Keif" shows the Macedonian chalgia which is rooted in the music code of many generations and is a characteristic phenomenon that combines folklore with the heritage of the musical tradition of Istanbul, ie. with Byzantine church music and classical Ottoman music in one, corresponding to the octoechos and the Maqam system. The film follows the history and beginnings of the chalgia from Constantinople (Istanbul) to Macedonia during a century. Follows the history of the old Macedonian music groups founded in Skopje, Ohrid, Veles, Kavadarci, Bitola, but also the Turkish classical music, through academic professors from Turkey. The film uses old archival recordings of the performances of the bards of this type of music, which brings to the surface an important segment of the Macedonian musical traditions for future generations. The film follows the development of chalgia in Macedonia, Western influences, the results of this synthesis and of course, its appearance in today's context, through interviews with Macedonian musicians, but also world famous artists such as Kudsi Erguner, Omar Farouk Tekbilek, Gunaj Celik, Simon Sahin, etc. . The documentary "Keif" is directed by Blaze Dulev, and produced by "Award Film and Video" and it was realized with the support of the Macedonian Film Agency. | Во текот на денешниот ден (28.05.2021), документарниот филм „Кеиф“ (Македонска чалгиска традиција) ќе има проекција во рамките на Филозофскиот филмски фестивал. Проекцијата е со почеток од 21.00 часот во летното кино на Кинотека, која што ќе биде пропратена со излагање на сценаристот на филмот, проф. д-р Ристо Солунчев, на тема „Македонска музичка епистема“. Покрај тоа, филмот „Кеиф“, денес ќе има проекција и во Белград, во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“, во програмата „Денови на современиот македонски филм“, која што од 18.00 часот ќе се одржи во Арт киното на Етнографскиот музеј. Документарниот филм „Кеиф“ ја прикажува Македонската чалгија која е вкоренета во музичкиот код на многу генерации и претставува карактеристичен феномен што го спојува фолклорот со наследството на музичката традиција на Истанбул, т.е. со византиската црковна музика и со класичната отоманска во еднo, кореспондирајќи со осмогласието и макамскиот систем. Филмот ги следи историјата и почетоците на чалгијата од Цариград (Истанбул) до Македонија во текот на еден век. Ја следи историјата на старите македонски музички групи (тајфи) основани во Скопје, Охрид, Велес, Кавадарци, Битола, но исто така и турската класична музика, преку академски професори од Турција. Во филмот се користат стари архивски снимки од изведбите на бардовите на овој вид музика, што носи на површина важен сегмент од македонските музички традиции за идните генерации. Филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн. Документарниот филм „Кеиф“ е во режија на Блаже Дулев, а во продукција на „Авард филм и видео“ и истиот е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија. |
0 Comments
|
Archives
July 2022
Categories |