Филмот ја проследува петанесет годишната кариера на скопскиот бенд Културно Уметнички Работници и во него покрај сегашните и поранешните членови и соработници на бендот, се појавуваат и најзначајните личности (музичари, новинари, љубители на музиката) од македонската музичка сцена. До сега филмот, кој својата премиера ја имаше на Фестивалот „Синедејс“ во Скопје, со успех е прикажан на повеќе фестивали низ регионот, меѓу кои се: Фестивалот „ДОРФ“ во Винковци и Осијек, Фестивалите „Браќа Манаки“ во Битола и „Скопје Синема Сити“ во Скопје, „Балкан Филм енд Фуд Фестивал“ во Поградец, “докуМфест“ во Зеница и „ФерФилм Фестивал“ во Урошевац.
По проекцијата, со почеток од 22.00 часот, ќе следи и концерт на Културно Уметнички Работници.
Целосната програма на фестивалот може да се најде на следниот ЛИНК.