Документарниот филм на Марија Џиџева "Барајќи си ја среќата" ќе учествува во Регионалната конкуренција на овогодинешниот Загреб Докс, каде што ќе има три проекции. Филмот кој имаше своја македонска премиера во рамките на фестивалите Манаки и Синедејс, раскажува приказна за осуммина неженети мажи, кои полни со надеж започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа. Колку е силна нивната верба дека спасот лежи во женидбата? И што сè би направила жена за љубов? „Барајќи ја среќата“е документарен филм составен од 3 приказни (Вера, Надеж и Љубов) каде што судбините на главните карактери се преплетуваат со нивната потрага по среќа. Покрај режисерката и сценаристка Марија Џиџева во реализацијата на филмот учествуваа продуцентите Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ, Директорот на фотографија Горан Наумовски, монтажерот Блаже Дулев, а за дизајнот на звукот беше задолжен Дарко Спасовски Пацки. Музиката во филмот е на Доријан Јовановиќ и Чалгија Саунд Систем.
По проекциите на Загреб Докс, филмот кон средината на март ќе биде презентиран и на маркетот на Солунскиот фестивал.
По проекциите на Загреб Докс, филмот кон средината на март ќе биде презентиран и на маркетот на Солунскиот фестивал.