Авард Филм и Видео со премиери на две копродукции
The production company Award Film and Video during July and August will have premieres of two films, in which it appears as a minority co-producer.
Namely, on July 26, 2019, in the main program of the Motovun Film Festival, its premiere will have the Croatian documentary film "Tusta", dedicated to the front-man of the cult punk band Kud Idijoti. The film's director is Andrei Korovljev, producer is Factum from Croatia (Nenad Puhovski), and co-producers are Wake Up from Serbia (Biljana Tutorov), Award Film & Video from Macedonia (Vladimir Stojcevski and Goran Stojilkovic) and Zagreb Film from Croatia (Vinko Breshan). The film also features significant names of musicians, journalists, music managers and music fans from the Macedonian alternative scene. The film was realized with the support of the Croatian Audiovisual Center and the Film Center of Serbia, while Award Film and Video is part of the co-production with its own participation. Macedonian premiere of the film will be within the Cinedays festival in November 2019. |
Продуцентската куќа Авард Филм и Видео во текот на Јули и Август ќе има премиери на два филма, во кои што се јавува како малцински копродуцент.
Имено на 26 Јули 2019, во главната програма на Мотовун Филм Фестивал, својата премиера ќе ја има хрватскиот документарен филм „Туста“, посветен на фронтменот на култниот панк бенд Куд Идијоти. Режисер на филмот е Андреј Коровљев, продуцент е Фактум од Хрватска (Ненад Пуховски), а како копродуценти се јавуваат Wake Up од Србија (Билјана Туторов), Авард Филм и Видео од Македонија (Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ) и Загреб Филм од Хрватска (Винко Брешан). Во филмот се појавуваат и значајни имиња на музичари, новинари, музички менаџери и љубители на музика од македонската алтернативна сцена. Филмот е реализиран со поддршка на Хрватскиот Аудиовизуелен Центар и Филмскиот Центар на Србија, а Авард Филм и Видео е дел од копродукцијата со сопствено учество. Овој филм македонската премиера ќе ја има во рамките на фестивалот Синедејс во ноември 2019. |
https://motovunfilmfestival.com/film/tusta/
http://factum.com.hr/en/films_and_authors/new_films/tusta
https://www.imdb.com/title/tt10662444/
http://factum.com.hr/en/films_and_authors/new_films/tusta
https://www.imdb.com/title/tt10662444/
On August 19, 2019, premiere in the main program of the prestigious Sarajevo Film Festival will have the Albanian feature film "Open Door" directed by Florentz Papas. Producer of the film is Bunker Film+ from Albania (Eno Milkani), and co-producers are Circle Film from Kosovo (Besnik Krapi), Lupin Film from Italy (Ricardo Nerro) and Award Film & Video from Macedonia (Vladimir Stojcevski and Goran Stojilkovic).
As Macedonian part of the crew, in the film are participating the actor Visar Vishka, composer Aleksandar Pejovski, Fejmi Daut as the first assistant of the camera, sound designer Igor Popovski from the studio Audiohaus, together with the entire team of the sound sector consisted of Risto Alchinov, Ilija Cvetkovski, Dragan Spasov, Nenad Stefanoski and Leotrim Voca. The project was realized with the support of the National Film Centers of Albania and Kosovo, as well as with the support of Eurimages. The Macedonian premiere of the film will be held within the Manaki Festival in September 2019, which will be followed by its cinema distribution. |
На 19 август 2019, премиера во главната програма на престижниот Сараевски Филмски Фестивал ќе ја има и албанскиот игран филм „Отворена врата“ на режисерот Флоренц Папас. Продуцент на филмот е Bunker FIlm+ од Албанија (Ено Милкани), а како копродуценти се јавуваат Circle Film од Косово (Бесник Крапи), Lupin Film од Италија (Рикардно Неро) и Авард Филм и Видео од Македонија (Владимри Стојчевски и Горан Стојилковиќ).
Како македонски дел од екипата во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото Аудиохаус, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока. Проектот е реализиран со поддршка на Националните филмски центри на Албанија и Косово, како и со поддршка на Еуримаж. Македонската премиера филмот ќе ја има во рамките на фестивалот Манаки, во септември 2019, по што ќе следи и неговата кино дистрибуција. |