Macedonian premiere of the movie "Open Door", was held on 16 September in frame of the International Cinematographers Film Festival "Manaki Brothers" in Bitola. The film was presented by the Director Florenc Paps, Director of Photography Sevdije Kastrati, First Assistant of Camera Fejmi Daut, the Actors Luli Bitri and Maxwell Guzja, Producer Eno Milkani, line producer Gerta Qurku and Co-producers Vladimir Stojcevski and Goran Stojilkovic. | Македонската премиера на играниот филм „Отворена Врата“ се одржа на 16 септември, во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот беше претставен од страна на режисерот Флоренц Папс, Директорот на фотографија Севдије Кастрати, првиот асистент на камера Фејми Даут, актерите Лули Битри и Максвел Гузја, продуентот Ено Милкани, Герта Курку линиски продуцент и копродуцентите Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ |
РЕЦЕНЗИЈА: Точка на кршење
Кон „Отворена врата“, режија: Флоренц Папас, улоги: Лули Битри, Јонида Вокши, Висар Вишка, фотографија: Севдие Кастрати, музика: Александар Пејовски, Албанија/Македонија/Косово/Италија
Сунчица Уневска 18/09/2019 (Слободен Печат)
„Не се грижи ќерко, што и да се случи кај мене секогаш ти е отворена врата“. Тоа беа зборовите што толку силно ја погодија Рудина, зборови кои толку многу би и значеле кога некој на тој начин би можел да ја поддржи и да ја разбере. Тоа беа зборовите кои беа и некоја точка на кршење, кога Рудина всушност дозволи да ја совлада болката и да го каже тоа што го мисли, дека повеќе не може вака да живее, дека е уморна. Тоа беше моментот кога ќе побара утеха, тоа беше моментот кога можеби ќе и прости на сестра и за шокот што и го приреди…

Албанскиот филм „Отворена врата“ (направен во копродукција со „Аворд филм и видео“ од Македонија) е дебитантско остварување на Флоренц Папас, но направено навистина одлично, со неверојатна мерка во дијалозите, во емоциите, во оние (не)очекувани испади, во настаните кои се нижат едно по друго, во развојот на целата ситуација меѓу сестрите, но и во поглед на тоа што мора да го направат пред да се сретнат со нивниот строг, традиционален татко. Интересно е дека филмот нема воопшто празни одови (особено кога се работи за деби), напротив, сè е толку добро водено и во поглед на болката, и во поглед на љубовта, и во поглед на меѓусебната поддршка и на сите непредвидени работи што во текот на овој роуд муви се случуваат.
Рудина е онаа која ќе го понесе целиот товар, додека Елма е навидум поопуштена, побезгрижна, можеби и помалку свесна за последиците, за потоа работите сосем природно да земат друг тек. Извонредно Флоренц Папас, кој е и автор на сценариото заедно со Ајола Дала, успева да го долови тој однос меѓу двете сестри, но и онаа безусловна љубов која умее да ве натера да го направите и она што најмалку сте очекувале. Целото патување на двете сестри, над кое е надвиснат стравот, исчекувањето, неизвесноста, отворените прашања, но и неизбежни судири, тече толку природно, неиссилено, без никаква артифициелност или чувство на нешто што е нелогично или невозможно. Напротив, сè е сведено точно онолку колку што треба да биде, нивната внатрешна состојба едноставно ја чувствувате.
На еден неверојатно „лесен“ начин Папас ќе успее низ ова патување да ни ги долови и нивните животи, и предизвиците, и сето она со кое се судираат и сето она кое сакале или не го прифаќаат, и сето она кое сакаат и мораат да го променат. Има такви исклучителни детали, кои едноставно одушевуваат, во погледот, во гестовите, во преиспитувањето, во барањето излез. Како да се изборите со традицијата, со некои наметнати правила што ве гушат, а сепак да ги испочитувате сите оние што ги сакате. Одушевувачки е колку големо значење има еден навидум мал гест, кога Рудина на средбата со таткото, каде што ќе дојдат со човек кој се претставува како маж на нејзината трудна сестра, каде што таткото и понатаму нагласува дека мажот одлучува и дека е многу важно првото дете да биде машко, таа ќе реши да се одважи и да направи здравица за годишнината на нејзината мајка.
Исто како што огромно значење има и нејзината кратка средба со рецепционерот во хотелот, кога ќе се соочи со еден поинаков начин на мислење и на поддршка, толку потребна, толку посакувана. Исто како што толку многу значење е содржано во нејзиниот разговор на телефон со сопругот, кој работи во Грција и кого го гледа ретко, но сè уште ги чува неговите родители и прави сè што треба и што од неа се очекува. Но, не, точката на кршење ќе се почувствува во нејзиниот глас, во нејзината болка која допира до вас како откорната од срцето. Не може повеќе, бесцелно е, нема смисла, не може повеќе да продолжи исто. Лули Битри со таква леснотија и доживеаност ја носи оваа улога што не може да не ве погоди. Нејзината внатрешна состојба, нејзината болка и отсутност допираат силно. Таа е онаа на чии плеќи се прекршува старото и новото, традицијата која мора да се почитува, обичаите, но и минувањето на времето кое неминовно го носи внатрешниот судир. Но, во еден момент сè ќе се скрши и се соочувате со она што долго го носите во себе, но не сакате да си признаете, дека е доста, дека не може повеќе, дека има граници кои не можат да се поминат инаку станува бесцелно.
„Отворена врата“ е филм за луѓето кои секојдневно се наоѓаат на своите крстопати, дали поради традицијата, дали поради судбината, дали поради сопствените одлуки. Но, кога нештата ќе кулминираат, кога ќе се замеша љубовта, потребата за поддршка, потребата за вистински промени и за преоткривањето на своите потиснати емоции, тогаш не може повеќе да биде исто. Филмот на Папас е одличен, затоа што толку лесно ја постигнува универзалноста, но и толку точно и длабоко успева да навлезе во она што сите го носиме во себе, потребата да ги промениме нештата кои се плашиме дека ќе донесат последици за оние кои ги сакаме. Но, вака последиците ги носиме самите ние. Извонреден филм, кој зборува за судирот на традицијата и современото живеење, но низ призмата на семејството и љубовта кон своите најблиски, кога знаете дека и едните и другите се во право или барем го имаат своето оправдување. Како понатаму? Не се знае, но барем сте го поминале оној чекор кој е најтешко да се направи – да се надмине стравот.
Лули Битри е извонредна во улогата на Рудина и со право на премиерата во Сараево доби стоечки овации. Филмот е многу добро снимен, со одличен саундтрак на Александар Пејовски и фотографија на Севдие Кастрати, која успева така да ги долови емоциите, не само преку играта, туку и преку пејзажите, преку светлината, преку разговорот по телефон што го слушаме во оф додека го гледаме светлото и поигрувањето на листовите во темнината. Едноставно, филм кој успева силно да трогне, што останува долго потоа терајќи нè да размислуваме за неизбежните соочувања што секој од нас умее долго да ги одложува…